Бојко Борисов се најде на удар зашто низ Софија се шетале некои моторџии што имале некаква врска со Владимир Путин, а не им дозволил на американски воени авиони да ја надлетуваат Софија во чест на американскиот ден на независност – 4 јули. Некој ден по канонадата што му ја упати Соломон Паси, поранешен бугарски министер за надворешни работи, за истата работа Борисов бил прашан и во бугарскиот парламент. Kако смеел да има таков двоен аршин? Демек, на една страна, ги пушта моторџиите на Путин, а на друга, ги забранува американските авиони. Kаква политика било тоа?
