Смрта на бугарскиот цар Петар во 969 година, устоличувањето на византискиот император Јован I Цимискиј (969 – 976) на местото на Никифор I Фока (963 – 969), како и влезот на руската војска предводена од кнез Свјатислав длабоко на територијата на Бугарија, овозможиле во Македонија да се создадат поволни политички услови за ослободување од власта на бугарските завојувачи.
