Замислете си драги мои професионална кариера во која секој ден си поспиваш колку што ти е воља. Си стануваш да речеме во 10.00 часот, си вариш натенане кафенце или некоја друга напивка која ти го стартува маетаболизмот, одмараш, се расонуваш и отвараш лаптоп. Не, нема потреба од програмирање, креирање на тешки алгоритамски програми, математики или било која друга природна или неприродна наука. :)
