И покрај задолжителната употреба на фискален апарат во секоја продавница, угостителски објект, фирма и слично, некои продавници во Македонија се уште не го почитуваат законот.
Само за информација, фискалната апаратура се состои од електронски каси со фискална меморија, фискални принтери, електронски системи со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало, преку сметачки средства за количината и потрошувачката на течни горива (бензиски пумпи, плински пумпи и сл.) и читач на платежни картички. Возачите на такси возила се должни да издаваат фискална сметка на секој свој патник преку електронски таксиметар со фискална меморија (фискален таксиметар). Покрај нив и секоја продавница, без разлика на каква стока продава, е обврзана да издава фискални сметки.
Со секое не издавање на фискална сметка се губи ДДВ-то кое изнесува 18 отсто и оди во касата на државата, за да може државата да обезбеди дополнителни приходи кои ќе ги инвестира за граѓаните.
Пластичарската продавница која ќе ја видите на фотографиите, е една од оние продавници кои не го почитуваат законот и не користат фискална.
Па се запрашавме колку пари губи Македонија со секоја ваква издадена сметка, која не е фискална и не се смета 18 отсто ДДВ?!
