Декември е убедливо еден од најомилените месеци на целото семејство. Токму во овој дел од годината владее некоја убава, еуфорична и магична атмосфера, која секој од нас го прави да се чувствува позитивно и расположено. Како се ближат деновите до Нова Година, така луѓето стануваат се поеуфорични, па семејствата сакаат последните денови од годината да ги поминат заедно,дружејќи се и создавајќи нови спомени и моменти за паметење.
