
Според колумната на Ѕвездан Георгиевски, Илинденското востание и овој празник кој го слават сите Македонци е очаен обид на сеуште недоразбраната кауза.
„Во таа смисла, токму и прилега "големиот македонски херој" Јохан Тарчуловски да биде на челото на оваа група губитници и нивните коњи. Има некоја симболика во оние коњи што за секој Илинден одат од село Лисиче до Крушево. Само не знам каква. Ги гледав пред некој ден распашаните и опашани комити и војводи, на чело со Јохан Тарчуловски, како на своите коњи и кобили дефилираат низ Аеродром.
Мали дечиња одеа пред нив. Ако мене ме прашувате, повеќе ми личеше како одбележување на 50-годишнината од земјотресот, отколку 110-годишнината од Илинденското востание. Како да стануваше збор за фолклорна илустрација на некаков збег: нејаки деца, збунети мажи плус животните од по дворот“, пишува Георгиевски.
Ние се прашуваме зошто вака се плука по најсветиот македонски празник и по чувствата на сите македонци. Толку ли многу боли тоа што не се на власт внуците на партизаните кои сметаа дека имаат природно, наследено право да бидат на позиција засекогаш?