Цевитана, како еден од најдобрите брендови на Витаминка и воопшто една од најпрепознатливите трговски марки во Македонија, со своите две нови видео реклами продолжува да ја раскажува успешната приказна за обичните супер херои. Витаминскиот пијалак што е наменет за освежување на сите генерации го опишува херојството од секојдневието на обичните луѓе, кои консумирајќи го овој инстант пијалак во очите на своите роднини, пријатели и партнери изгледаат ништо помалку од вистински супер херои.
